Во хотел во Банско со домашни миленици
И милениците ги сакаат планините! Вашиот миленик е добредојден во СПА Ресорт Св. Иван Рилски!
Сместете се удобно со вашето куче или мачка!* Изберете сместување со домашно милениче во хотелска соба или во поголемите поудобни стамбени куќи од комплексот.
*Поради безбедносни причини, во хотелот не се дозволени глодари, опасни или отровни животни.
Правила за сместуање со домашни миленици
-
Сместувањето со домашни миленици е можно само со претходна резервација и потврда од хотелот.
-
Дозволени се домашни миленици со воспоставени хигиенски навики и со законски поставени вакцини.
-
Сместување со домашни миленици до 15 кг – 20 лева/ден, под услов да се почитува политиката на хотелот за миленици. За сместување со домашно милениче во хотелскиот дел се плаќа еднократно длабинско чистење од 40 лева, а во станбените куќи – 20 лева;
-
Сместување со домашни миленици повеќе од 15 кг – 40 лева/ден, под услов да се почитува политиката на хотелот за миленици. За сместување со домашно милениче во хотелскиот дел се плаќа еднократно длабинско чистење од 80 лева, а во станбените куќи – 40 лева;
-
Домашните миленици не е дозволено да ги посетуваат рестораните, СПА центарот, базените и соседните делови до нив, како и објектите за деца.
-
Домашните миленичиња треба да се шетаат на начин кој е безбеден за другите гости, а вие сте должни да исчистите по нив. Контактирајте не на рецепција, ако ви требаат средства за чистење.
-
При имотна штета предизвикана од домашни миленичиња, истата се додава на сметката на гостинот и се наплаќа при одјавувањето.
-
Штетите предизвикани од домашно милениче на други гости или посетители на хотелот е целосна одговорност на сопственикот на домашниот миленик и хотелот не носи одговорност за нив. Во тој случај, хотелот има право да го откаже сместувањето на гостинот и неговиот миленик без предупредување и без да ги плаќа неискористените услуги.
-
Во случај домашниот миленик да им пречи на другите гости или посетители на хотелот (на пример лаење и др.), од сопственикот ќе биде побарано да го напушти хотелот.